Фудбалерите на Борец 1919 АД убедливо го совлада тимот на Росоман со 6:1 во натпревар кој важеше за дерби на колото во Трета фудбалска лига – Југ, но на теренот имаше само една екипа. Гостите од Росоман одлично го отворија мечот и уште на самиот старт поведоа со гол од пенал, најавувајќи можеби неизвесна пресметка. Но, тука практично заврши нивниот отпор.
Во 20. минута Чичевски со прецизен удар од слободен удар израмни на 1:1 и го врати домашниот состав во игра, а само осум минути подоцна Мирчевски погоди за целосен пресврт и водство од 2:1. Во второто полувреме следуваше целосен распад на играта на гостите. Во периодот од 55. до 65. минута мрежата на Росоман се тресеше четири пати, а Борец со офанзивна и ефикасна игра го запечати убедливиот триумф од 6:1.
Натпревар кој требаше да биде дерби се претвори во еднострана претстава и демонстрација на сила на велешани. Во следното коло, Борец 1919 АД гостува во Мало Коњаре кај екипата на Влазерими Јуниор, каде ќе се обиде да ја продолжи победничката серија.

















