(ВИДЕО) СДСМ: Обвинителството молчи за нападот врз млади во Ново Село

СДСМ обвини дека Јавното обвинителство не постапува по случајот со нападот врз млади во Ново Село, иако, според опозициската партија, постојат јавни информации, сознанија и имиња на лица кои наводно учествувале во инцидентот.

Zito baner

На прес-конференција, Кети Штерјова изјави дека станува збор за кривично дело за кое, според неа, надлежните институции треба да постапат по службена должност, без да чекаат формално поднесена кривична пријава.

Agria

„Има сознание. Има јавни изјави. Има барања. Има имиња. А Обвинителството – молчи“, изјави Штерјова.

Од СДСМ тврдат дека меѓу лицата кои наводно учествувале во нападот се и Петар Марков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, и Наско Димитриев, член на партијата и возач на градоначалникот.

Од партијата бараат надлежните институции да ги проверат наводите и да утврдат дали наведените лица, како и други потенцијални учесници во инцидентот, имаат одговорност за нападот.

Штерјова ја критикуваше и работата на Јавното обвинителство и државниот јавен обвинител, обвинувајќи ги дека не реагираат соодветно кога граѓаните бараат институционална заштита.

„Ова е свесно одбивање да се заштитат граѓаните кога насилниците се од владејачката структура“, порача Штерјова.

Од СДСМ побараа Обвинителството да постапи по службена должност и да утврди што точно се случило во Ново Село, кој учествувал во нападот и дали постои основа за кривична одговорност.

Опозициската партија оцени дека случајот не смее да остане без институционална разрешница и најави дека, како што беше кажано на прес-конференцијата, „доаѓа време кога и ова ќе мора да се објасни“.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: