![](https://batali.mk/wp-content/uploads/sequence-02.00_00_56_08.still002.jpg)
Камион со приколка вечерва излета од патот на влезот на селото Сарамзалино. Најверојатно, причината за инцидентот е лизгавиот коловоз.
Поради тоа што дел од приколката на камионот пречи на нормалното одвивање на сообраќајот, полицијата го регулира движењето на возилата, а воедно и врши увид на местото на несреќата.
Поради ниските температури, надлежните предупредуваат на појава на голомразица на патиштата, па затоа апелираат на вниматечно возење и прилагодување кон условите на патот.
Можеби ќе ве интересира: