(ВИДЕО)Пораз на фудбалерките на Борец на домашен терен

ZFK Borec Tiverija

Во рамките на 17 коло од Првата женаска фудбаласка лига фудбалерките на Борец загубија на домашен терен од екипата на Тиверија со 0:3.

Zito akcija 640x289px

Во тврд натпревар, гостинките само ги искористија грешките на домашната екипа. Отпорот на домаќините беше скршен во 52 минута, кога Димовска ја затресе мрежата за водство на Тиверија од 0:1.

Agria

Натпреварот ќе имаше друг тек доколку Шемсовиќ го искористеше зицерот во 78 минута кога испадна сама пред голманот. Неефикасноста ја искористија гостинките и со головите на Панеска во 87 и 89 минута го постави конечниот резултат.

Во следното коло Борец гостува на Атлетико која се наоѓа на 13 место на табелата.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: