Виола Волеј се бореше, но бодовите заминаа за Куманово

Женската одбојкарска екипа на Виола Волеј претрпе домашен пораз од составот на Куманово со 1:3 во сетови (16:25, 17:25, 25:23, 21:25) во натпревар од 15. коло на Втората женска одбојкарска лига.

Гостинската екипа подобро го отвори мечот и ги доби првите два сета со сигурна игра, додека велешанки се вратија во натпреварот во третиот сет, кој го добија со 25:23. Сепак, Куманово во четвртиот сет повторно ја презеде контролата и го приведе натпреварот до победа.

Agria

За Виола Волеј ова беше десетти пораз во сезоната, а екипата и по 15 одиграни кола останува на деветтата позиција на табелата, во својата прва, дебитантска сезона во лигата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: