Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Висок пораз на Фруитленд Борец од шампионот Еурофарм Пелистер

Fruitlend Pelister

Ракометарите на Фруитленд Борец изгореа во желбата за што подобро претставување пред велешката публика, на дебитантскиот настап на домашен терен во ракометната Супер лига. Шампионот, Еурофарм Пелистер беше преголем залак, па беа убедливо совлада со резултат 21:41.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Уште од самиот старт гостите од Битола поведоа со 6:1, но домашниот соста, по неколкуте грешки во нападот почна да им парира на битолчани. Клучно беше исклучувањето на Тоше Ончев, по што резултатската предност за гостите постојано се зголемуваше. На полувреме се замина со плус 11 за Пелистер 20:9.

Содржината продолжува под рекламата

Во вториот дел домашниот состав продолжи со многуте неизнудени грешки во нападот, а во одбраната немаа решение за Филип Кузмановски кој постигна 13 погодоци. Сепак на крај заслужена победа за Еурофарм Пелистер од 41:21.

Филип Кузмановски беше најефикасен со 13 погодоци, додека кај велешани се истакна ветеранот Ивица Илиев со осум гола на своето конто. Во следното коло Фруитленд Борец гостува во Скопје кај екипата на Пролет.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: