![VELES JULI 2021](https://batali.mk/wp-content/uploads/209783768_786255128714102_4366714571940525717_n.jpg)
Македонија во следните пет дена ќе биде зафатена од високи температури во портокалова фаза, поради што надлежните објавија препораки за за заштита и намалување на ризиците за лицата кои се наоѓаат на отворен простор, дома, на своите работни места, покрај езерата, реките и базените или на планините.
Согласно добиените информации од УХМР, почнувајќи од четврток (29.07.2021 година), шесте региони – Скопскиот (северно од Вардар), Осоговско-Малешевскиот, јужно од Вардар, Пелагонискиот и Охридско-Преспанскиот ќе влезат во портокалова фаза.
Владата издаде препораки како заштита на населението од топлотниот бран и од денеска-среда до недела (29.07-01.08.2021 година) се препорачува: Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст на Република Северна Македонија и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници.
Владата одлучи оваа мерка да биде со времетраење од 4 дена, до понатамошно одлучување. Владата и надлежните органи будно ја следат состојбата и доколку има потреба ќе бидат преземени мерки согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови, врз населението Македонија.
Можеби ќе ве интересира: