ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да одговори како дошол до златна виза

Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза? Филипче молчи за потеклото на златната виза за Дубаи, која може да се добие само преку инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Филипче три месеци ја лаже македонската јавност. Прво велеше дека нема виза, па потоа призна дека има. Овие менувања на ставови на Филипче, не се нови. Македонската јавност заслужува одговори. Филипче мора да одговори на тоа од каде му е нему златна виза и како дошол до неа? Дали има приватен бизнис кој го крие од јавноста? Дали можеби Филипче има удел во бизнисот на Заев за градење 50 катница во Дубаи? Филипче и Заев треба да се минато во македонската политика и да одговараат за нивните предавства и криминал“, се вели во соопштението од партијата.

Agria

Претседателот на СДСМ во поткастот „Политиканти“ призна дека има златна визa за Дубаи. Тој вели дека „не е поврзана со никаква форма на инвестиции“.

„Пред да се кандидирам за претседател на СДСМ и претходно за пратеник бев во преговори за работа со една болница во Дубаи и добро напредуваа преговорите. Меѓутоа откако станав претседател на партијата тие преговори останаа на стенд-бај, тоа е и причината зошто имам виза за Дубаи, рече Филипче. На прашањето зошто ова не го кажал порано“, вели дека мисли дека треба сите да се обидат нивото на политичка дискусија, дебата и култура да се промени.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: