Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ утврди уште 16 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори што ќе се одржат на 19 октомври. Меѓу новите имиња кои добија поддршка од партијата се најде и Дејан Андоновски, кој ќеја бие битката за функцијата градоначалник на Општина Чашка.
Со ова, политичката сцена во Чашка станува сè појасна, бидејќи своите кандидати веќе ги објавија и другите поголеми партии. Од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), во оваа изборна трка, кандидат ќе биде Суат Шаќири. СДСМ пак, ќе оди со веќе актуелниот градоначалник Горан Стојановски, кој ќе се обиде да добие трет мандат.
Изборната трка во Чашка се очекува да биде особено интересна, со оглед на тоа што три реномирани политички субјекти ќе се борат за довербата на граѓаните. Кампањата треба да започне на 29 септември. Првиот круг на гласање е на 19 октомври, а вториот на 2 ноември. Локалните избори на кои овие кандидати ќе настапат ќе бидат осми по ред од осамостојувањето на државата во 1991 година.