ВМРО-ДПМНЕ денеска демантира дека било кога се разговарало, ниту пак дека ќе се разговара за промена на химната и порачува граѓаните да бидат спокојни.
ДУИ матрицата на етнизирање на сите важни прашања, и СДС пинг понг политиката треба да престане. Ниту некогаш било разговарано за промена на химната, ниту пак во иднина ќе се разговара. Граѓаните може да бидат спокојни. Времето на ДУИ и СДС на губење и порази на сите теми, со цел да се затскрие криминалот, помина, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од друга старана министерот за здравство и еден од лидерите на коалицијата „Влен“, Арбен Таравари, е подготвен не само за грбот туку во пакет да се разговара за менување и на химната и на 20 отсто Албанци, но и за други нерешени етнички прашања. Неговиот став е дека во пакет треба да се решат овие прашања што останале нерешени во последните 30 години за да може да се посветиме на економијата, антикорупцијата и на евроинтеграциите.