ВМРО-ДПМНЕ: Падот во извештајот на „Репортери без граници“ се должи на ширење лажни вести и дезинформации од СДСМ

Според ВМРО-ДПМНЕ, падот на Индексот на „Репортери без граници“ се должи главно на ширење на лажни вести и дезинформации. Го вперуваат прстот во СДСМ и нивниот претседател Венко Филипче.

Zito akcija 640x289px

-Пример за лажна вест е последното соопштение и прес-конференција. Тие тврдат дека министри давале неколку илјади евра за ручеци, а во суштина и институциите демантираа кажувајќи дека се работи за исплати кон ресторански оператор за услуги за храна кои ги користат и плаќаат вработените од министерствата.

Agria

Борбата против лажните вести е заедничка одговорност на сите општествени фактори. Потсетуваме дека СДС е главниот финансер и мецена на лажните вести и тој полусвет кој оваа партија го одржува. Тоа е последица и на отсуството на политики и предлози кои ќе бидат конструктивен фактор во општеството, велат од партијата на Христијан Мицкоски за слободата на медиумите во земјава.

За Македонија која оваа година е на 42-то место и бележи пад од 6 места во споредба со минатата, според Индексот на РБГ, се вели дека „владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите“.

„Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, широко раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади“, се наведува во образложението.

Состојбата со медиумите во Македонија е оценета како „задоволителна“ и таа се наоѓа во горниот дел од листата, која брои вкупно 180 земји, но на последното место од државите кои во однос на медиумската ситуација ја имаат оваа оценка. Од регионот во оваа група се само уште две две земји, Словенија, која бележи напредок за 9 места и се наоѓа на 33. место, додека Црна Гора е 37., со напредок од три позиции во однос на лани.

Интересно е што и лани од РБГ излегоа со иста општа оценка за слободата на медиумите во земјава.

-Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Понатаму, владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите, се вели во извештајот во делот посветен на Македонија.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: