ВНИМАВАЈТЕ: Одрон го успори сообраќајот на автопатот Скопје – Велес кај Башино Село

На автопатот Скопје – Велес, по патарината Сопот, пред тунелите кај Башино Село, поради одрон на левата коловозна лента, сообраќајот се одвива по десната лента. На терен се испратени служби од ПС за БПС Велес, информира АМСМ.

Во меѓувреме, на истото место се случиле две сообраќајни незгоди со материјална штета, но без повредени лица. Сообраќајот и понатаму се одвива по една коловозна лента, додаваат од АМСМ.

Agria

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони. Ова особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: