Од утре до недела, населбата Превалец ќе биде домаќин на Вториот меморијален турнир во мал фудбал „Гоце Коцевски 2026“, на кој ќе настапат 16 екипи што ќе се натпреваруваат за вредни парични награди и престижниот трофеј.
Наградниот фонд предвидува 70.000 денари за победничката екипа, 40.000 денари за второто место и 20.000 денари за третопласираниот тим. Денеска ќе биде извршено влечењето на паровите за осминафиналето, по што ќе биде објавен и распоредот на натпреварите.
Организаторите ги повикуваат сите љубители на фудбалот да присуствуваат на турнирот и да бидат дел од спортскиот настан, кој покрај натпреварувачкиот дух има и меморијален карактер.





















