Во Кривичен пресуда за случајот „Геријатрија“

Krivi;en sud Skopje

Во Основниот Кривичен суд денеска треба да биде објавена пресудата за случајот „Геријатрија“ во кој Мухсин Арифи – поранешен директор на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина и Блерим Амити – вработен во клиниката се товарат за примање поткуп и награда за противзаконито влијание.

Според обвинителниот акт, Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, побарал имотна корист од 20.000 евра за да овозможи прием на пациентка во тешка здравствена состојба. Амити, кој претходно го познавал сведокот, се понудил да посредува и ја примил паричната сума, при што бил фатен на самото место од полицијата.

Agria

Обвинетите на почетокот од судењето се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар.

Судскиот процес го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е обвинителката Искра Хаџи Василева.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: