Во Музејот на македонската борба прославена една деценија постоење на вики клубови во Македонија

Викимедија МКД на 21 октомври јубилејно прослави една деценија постоење на вики клубови во Македонија. Како дел од плодната и добра соработка со Музејот на македонска борба за независност, овој јубилеј беше заеднички прославен во просториите на Музејот на македонската борба во Скопје со почеток од 13 часот.

Zito baner

Акцентот на овој настан беше ставен на еднодецениското постоење на клубовите основани од Викимедија МКД во Македонија, односно клубови наменети за ученици и младинци каде се обучуваат и подготвуваат за придонесување и збогатување на Википедија на македонски јазик. Првиот клуб бил основан токму во просториите на Музејот на македонската борба за независност. Денес клубовите се расширени низ неколку градови во државата, меѓу кои Штип, Велес, Куманово, Демир Хисар, Радовиш и Охрид.

Agria

Минати и актуелни координатори на клубовите, како и извршниот директор Снежана Штрковска, менаџерот за образовна програма на Викимедија МКД, Боса Филиповиќ, едукаторот при Музејот Ана Вишинова, како и директорката на музејот Анче Илиева имаа свое обраќање на настанот, каде се рефлектираше минатото искуство во однос на работата на клубовите, како и идните предизвици со кои може да се соочат младите при создавање бесплатно знаење. Значењето на младите и волонтерството за општото добро беше особено потенцирано и од суштинско значење за постоењето на бесплатни содржини на македонски јазик.

„Да го доближиме знаењето и да ја поттикнеме љубопитноста на читателите да научат нови работи, а при тоа да создадат нови содржини за останатите е предизвик кој го прифативме уште од самиот почеток. Заедно се трудиме да ја прошириме идејата за достапноста на бесплатното знаење на македонски јазик за цела читателска публика во државата, а клубовите се едни од значајните чекори кои ги презедовме во таа насока“, посочи Снежана Штрковска.

Покрај клубовите за млади кои се раководени од координатори, Викимедија МКД основала и клуб за возрасни уредници. „Вики сениор“ е клубот кој обучува и помага повозрасни корисници како успешно да придонесуваат на најголемата енциклопедија во светот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: