
Изминативе неколку дена во Велес се регистрираат повеќе оздравени од новозаразени со коронавирус, што доведе до благо опаѓање на бројот на активни случаи во градот, која според Министерството за здравство изнесува 240.
Сепак смртноста помалку загрижува, бидејќи во последните седум дена забележани се пет смртни случаи. Со ова бројот на починати во велешко, како последица на коронавирусот достигна 186 лица. Од почетокот на пандемијата досега се регистрирани 5851 лица заразени со ковид-19.
Содржината продолжува под рекламата
Во меѓувреме во велешкиот ковид центар (инфективно, интерно и модуларна болница) се наоѓаат вкупно 65 пациенти, од кои 37 добиваат кислородна поддршка. 44 од нив имаат позитивни ковид тестови, 11 се сомнителни на вирусот , додека 10 се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
Можеби ќе ве интересира: