
Од велешката болница информираат дека во моментов таму се хоспитализирани 49 пациенти со ковид-19, од кои 30 се со потврдени позитивни тестови, 12 пациенти се сомнителени на вирусот, а седум пациенти имаат со негативен тест, но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 24 пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
На инфективното одделение се хоспитализирани 27 пациенти, во модуларната болница 12 и на интерното одделение се лекуваат 10 пациенти со ковид-19. Во последното деноноќие во Велес се регистрирани нови седум случаи.
Содржината продолжува под рекламата
Во последните 24 часа нема испишани пациенти.
Можеби ќе ве интересира: