Возете внимателно, патиштата се подмрзнати

Возете внимателно со оглед дека на патиштата низ земјава има заледени површинии.  Доцна синоќа, надлежните издадоа апел и предупредување за појава на врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваа брзо и ненадејно замрзнување на коловозите, особено во повисоките и планинските предели, на одделни патни правци.

„Се апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемена внимателност, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да одржуваат поголемо безбедно растојание и задолжително да користат соодветна зимска опрема“, порачаа вчера од Центарот за управување со кризи.

Agria

Синоќа пред полноќ, ЦУК информираше, по добиени информации од регионалните центри, дека тешко проодни се евидентирани патните правци: Скопје – Тетово, Тетово – Гостивар, Маврово – Дебар, Кичево – Охрид, како и патниот правец Козјак – Скопје, како и повеќе регионални патишта во западниот дел на државата.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: