Врановци со засилувања за дебитантската сезона, Насаф Шабанов е новото звучно име

Новиот третолигаш Врановци сериозно ги почна подготовките за својата дебитантска сезона во Третата фудбалска лига – Југ. Од клубот најавуваат високи амбиции, а првото поголемо засилување е искусниот Насаф Шабанов, кој ќе го носи дресот на Врановци во новата сезона.

Zito baner

Покрај Шабанов, клубот ангажирал уште десет нови фудбалери, со што јасно покажува дека не планира да има епизодна улога во третолигашката конкуренција.

Agria

Шабанов, кој игра на позицијата лево крило, доаѓа од Неготино и зад себе има богата фудбалска кариера. Настапувал за Превалец, Новаци, Победа Прилеп, Беласица и Локомотива Градско, а има и интернационално искуство стекнато во Германија и Хрватска.

Врановци од следната сезона ќе биде дел од Третата фудбалска лига – Југ, откако доби можност за настап во повисок ранг по откажувањето на првопласираната Форца Нова и второпласираната Младост.

Со новите засилувања и јасно поставените амбиции, во Врановци веруваат дека ќе бидат конкурентни уште во својата прва сезона меѓу третолигашите.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: