Времето денес променливо облачно со силен северен ветер

Veles 17 fevruari 2025

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во претпладневните часови ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на одредени места ќе достигнува брзина над 60 километри на час, особено долж Повардарието, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат од минус седум до пет степени Целзиусови, додека максималната дневна температура ќе биде во интервал од нула до 11 степени.

Agria

Во Велес се очекува слично време, променливо облачно со сончеви периоди и умерен до засилен северен ветер. Дневната температура во Велес ќе достигне до девет степени.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: