Управата за хидрометеоролошки работи соопштува дека времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени.
И во Велес, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Високи температури се најавени и за викендот, кога наместа дневната температура се очекува да надмине 40 степени.

























