
Според извештајот на министерството за здравство во последните 24 часа во Велес се регистрирани 22 нови случаи на коронавирусот, a во моментов бројката на активни велешани кои што се заразени со коронавирусот изнесува 147.
Во моментов, на инфективното одделение на велешката болница се хоспитализирани 43 пациенти, од кои 33 се позитивни на тестот, шест се сомнителни на вирусот и четири пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На инфективното оддееление има 36 пациенти, а на интерното одделение има седум пациенти. На кислородна поддршка се дури 14 пациенти.
Испишани се двајца пациенти како оздравен со по еден негативен тест.
Можеби ќе ве интересира: