За два денари поскапува дизелот

Tocenje benzin

Малопродажната цена на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се зголемува за два денари по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 70 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 73,5, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 75,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 67,5 денари за литар.

Agria

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензинитево просек за 2,434 отсто, кај дизелот за 4,809, кај екстра лесното масло за 4,463 и кај мазутот за 2,651 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1149 отсто.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: