Земјотрес почувствуван синоќа во Скопје и околината

Zemjotres

Синоќа во 22 часот и 43 минути во Скопје и околина е почувствуван земјотрес со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот се наоѓал на територијата на соседно Косово, на околу 39 километри североисточно од главниот град. Јачината на земјотресот изнесувала 2,6 степени по Рихтер.

Agria

Телеметриската сеизмолошка мрежа на  Македонија, преку своите станици поставени низ целата територија, го регистрирала потресот, кој бил од помал интензитет и не предизвикал материјални штети.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: