Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје извести дека рано утринава се регистрирани два последователни земјотреси во југозападниот дел на земјава.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија забележа првиот земјотрес во 5 часот и 7 минути со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала. Само девет минути подоцна, во 5 часот и 16 минути, регистриран e втор потрес со магнитуда од 2,3 степени.
Епицентрите на земјотресите се лоцирани во областа Пештани-Охрид-Струга, приближно 100 километри југозападно од главниот град.
Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија, првиот земјотрес бил почувствуван во Охрид, Струга и околните населени места со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема извештаи за повредени лица или материјална штета. Надлежните служби ја следат состојбата на теренот.