Вчера пристигнаа нови колични на вакцини од компанијата „Фајзер“, денеска се очекува да пристигнат и дополнителни други вакцини

Koronavirus vakcina
Koronavirus vakcina

Во текот на вчерашниот ден пристигна нова пратка од вкупно 12.870 дози вакцини на компанијата „Фајзер“ во земјава, потврдуваат од Министерството за здравство.

Станува збор за редовната пратка која ја добиваме секој понеделник од кои 8.190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4680 во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe), велат од здравство.

Agria

Министерот за здравство Венко Филипче вчера соопшти дека денеска треба да пристигнат и 20.000 вакцини на АстраЗенека“.

Тој вели дека оваа донација е многу значајна за нас и изрази голема благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција кај нас, Н.Е. Русос Кундурос.

„Пристигнувањето на новите дози на вакцини се одвива навремено и согласно ова имунизацијата има одличен тек. Апелирам што поголем број граѓани да се пријават на vakcinacija.mk“, додаде Филипче.

Пристигнувањето на новите дози на вакцини се одвива навремено и согласно ова имунизацијата има одличен тек, потенцираат здравствените власти.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: