Брза интервенција на пожарникарите, изгаснат пожар во продавница за бела техника „Нептун“ во Велес

Пожар утрово избувна во продавницата за бела техника „Нептун“ во Велес, која се наоѓа во близина на Градскиот пазар. На местото веднаш интервенираше екипа на Територијалната противпожарна единица од Велес со противпожарно возило. Благодарение на брзата реакција на пожарникарите, огнот за кратко време беше ставен под контрола и изгаснат.

Пожарот се случил во објект лоциран меѓу станбени згради, поради што интервенцијата предизвика внимание кај жителите и случајните минувачи во овој дел од градот.

Agria

Засега нема официјални информации за причината за пожарот, ниту за евентуална материјална штета или повредени лица. Се очекува повеќе детали да бидат познати по увидот на надлежните служби.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: