Македонскиот пасош на 64. место во светот, без виза може да се патува до 79 дестинации

severno makedski pasos

Македонскиот пасош се наоѓа на 64. место на светската ранг-листа според можностите за патување во странство, со пристап до 114 дестинации без претходно добиена виза или со олеснети процедури за влез. Ова го покажуваат податоците на платформата Passport Reports, ажурирани на 18 октомври 2026 година.

Zito baner

Според објавените податоци, индексот на мобилност на македонскиот пасош изнесува 57,6 отсто, што значи дека македонските граѓани имаат олеснет пристап до повеќе од половина од опфатените светски дестинации.

Agria

Од вкупно 114 дестинации, за 79 не е потребна виза, во 29 може да се добие виза по пристигнувањето или да се користат други олеснети постапки за влез, додека за шест дестинации е потребно електронско одобрение за патување. За преостанатите 84 дестинации, македонските државјани мора да обезбедат виза однапред.

Меѓу дестинациите во кои македонските граѓани можат да патуваат без виза се Албанија, Србија и сите 29 држави од Шенген-зоната.

Сепак, безвизниот режим не значи секогаш патување без дополнителни формалности. За Малезија, на пример, е наведена обврска за пополнување картичка за пристигнување, со дозволен престој до 30 дена. За Суринам е предвидена туристичка картичка, а престојот може да трае до 90 дена.

Во категоријата дестинации со можност за добивање виза по пристигнувањето се наоѓа и Египет, каде што е достапна и опција за електронска виза, со наведен престој до 30 дена. Сејшелите, пак, се вбројуваат во дестинациите за кои е потребно електронско одобрение за патување, со туристичка регистрација и можност за престој до 90 дена.

Passport Reports објавува анализи и рангирања за пасошите на 199 земји на 34 јазици, споредувајќи ги можностите што ги имаат нивните државјани за патување во странство.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: