Агенцијата за храна и ветеринарство спроведе вонреден инспекциски надзор кај правно лице, месарница во општина Василево, при што на приватен имот беше откриена комора која не била регистрирана во Агенцијата за храна и ветеринарство.
При спроведувањето на контролата, ветеринари на АХВ во комората пронашле и заплениле 400 килограми замрзнати подготовки од месо, плескавици и ќебапи, како и 70 килограми внатрешни органи.
Целокупната запленета количина подготовки од месо и внатрешни органи се уништени на депонија, согласно пропишаните законски процедури. Поради утврдените неправилности, изречена е мерка за времено затворање на комората, а на правното лице му се изречени и парични казни за работа во нерегистриран објект и неозначување на производите.



















