Кадетките на Виола Волеј со максимални две победи на турнирот во Валандово

Кадетската екипа на Виола Волеј на гостувањето во Валандово оствари максимален учинок на првиот турнир од група „Ж“ , забележувајќи две убедливи победи без загубен сет.

Zito baner

Во рамки на турнирот од Група 1, младите одбојкарки славеа против домаќинот Македонија Џио со 2:0 во сетови, а потоа со идентичен резултат ја совладаа и екипата на Дибра Волеј.

Agria

Особено значајно е што составот на екипата претежно го сочинуваат помлади одбојкарки, кои се три до четири години помлади од своите противнички. И покрај возрасната разлика, тие покажаа квалитет и борбеност, остварувајќи максимални две победи на турнирот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: