Маријан Ецковски од Охрид, ќе ја дели правдата на натпреварот Борец – Пелистер

Marijan Eckovski sudija

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги извлече судиите кои ќе ја делат правдата во шестото коло од Првата македонска фудбалска лига.

Дуелот во Велес меѓу Борец и Пелистер му припадна на Маријан Ецковски од Охрид. Борец се наоѓа на 10 место со четири освоени бода, додека Пелистер е последен со само еден освоен бод.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

На останатите натпревари делители на правдата ќе бидат:

Шкендија – Шкупи (Игор Стојчевски – Скопје)

Струга Трим Љум – Скопје (Ндерим Тефику – Куманово)

Тиквеш – Ренова (Александар Ставрев – Скопје)

Академија Пандев – Македонија Ѓорче Петров (Стојанче Трпчевски – Кавадарци)

Работнички – Брегалница (Александар Грујоски – Кичево).

Сите натпревари ќе започнат во 16 часот, освен натпреварот во Тетово кој е одложен за во вторник поради новонастанатата ситуација. Натпреварите ќе започнат со едноминутно молчење пред секој натпревар во Прва и Втора МФЛ (исток и запад) ќе им биде оддадена почест на жртвите од големата трагедија.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: