
Eкипата на ФК Борец 1919 продолжува да се засилува во летниот преоден рок и претстави две нови имиња, Стојан Петковски и Горан Димоски.
Содржината продолжува под рекламата
Стојан Петковски е играч од средниот ред кој има 28 години и пристигнува од актуелниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Тиквеш. Претходно во својата кариера беше дел од Пелистер, Работнички, како и на Вардар од Неготино.
Содржината продолжува под рекламата
Младиот Горан Димоски има само 19 години и доаѓа од прилепска Победа. Тој може да ги покрие страничните позиции, како бек и како крило.

Тие се петтото и шестото засилување за Борец откако претходно потпиша: Петар Јакимов, Матеј Цветановски, Берат Исмаил и Флорент Османи.
Можеби ќе ве интересира:
- (ФОТО) Жито Маркети со две нови локации во Тетово – уште поблиску до своите купувачи
- Рекордна крводарителска акција во Велес по повод Денот на општината, дарувани 200 крвни единици
- Младост продолжува со победничкиот низ – четврта победа во низа во Општинската лига Велес
- Променливо облачно со повремени локални врнежи
- Мицкоски: Ова е заедничка победа, Македонија покажа зрелост



















