![](https://batali.mk/wp-content/uploads/455205757_781746320560781_2608863879363271565_n.jpg)
Времето денес ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 л/м2), силен ветер и појава на град.
Содржината продолжува под рекламата
Температурите ќе се движат од минимални 12 до 20 степени, до максимални 32 степени. УВ-индексот ќе биде 6.
Содржината продолжува под рекламата
Во Велес променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, а ќе има услови за појава на невреме.
Можеби ќе ве интересира: