Штекли осуден на осум години затвор за нарко активностите

Судот изрече затворски казни за обвинетите во случајот со организирана трговија со дрога, при што Раде Трајковски-Штекли доби највисока казна од осум години затвор.

Стефан Китанов, Александар Бучевски и Филип Таневски се осудени на по пет години затвор, додека Стојан Миланов доби казна од три години и десет месеци.

Agria

Судот утврди дека обвинетите дејствувале како организирана група која продавала кокаин и марихуана, при што дрогата се чувала, пакувала и дистрибуирала преку мрежа на лица.

Според пресудата, Раде Трајковски имал клучна улога, давал насоки и ги координирал останатите, а парите од продажбата завршувале кај него.

Постапката траела девет месеци и се водела ефикасно, без одолговлекување, и покрај обидите за опструкција, при што судот ги истакна сериозните последици од делото врз здравјето на луѓето и општеството.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: