Велешанката Елена Гиновска избрана во Координативното тело на Клубот на жени на Движење ЗНАМ

Во Скопје вчера беше одржана Основачката конференција на Клубот на жени на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, со која официјално започнува ново поглавје во политичкото и организациското делување на партијата.

Zito baner

За претседателка на Клубот на жени е избрана Александра Јелиќ од Скопје, додека Велес доби свој претставник во највисокото координативно тело. Елена Гиновска од Општинската организација на ЗНАМ – Велес е избрана за членка на Координативното тело.

Agria

Од велешката организација истакнуваат дека формирањето на Клубот на жени е повеќе од организациски чекор, бидејќи претставува порака за единство, храброст, визија и активно учество на жените во креирањето на иднината.

„Застапеноста на Велес во Координативното тело ни дава особена гордост и е израз на посветеноста, одговорноста и женската енергија.

Преку овој клуб се создава дополнителен простор за поголемо женско организирање и директно вклучување во процесите на креирање политики и донесување одлуки.

Продолжуваме заеднички, со јасна визија за посилна улога на жената во општеството“, се наведува во соопштението на ОО ЗНАМ – Велес.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: