Од 1 декември поскапува парното во Скопје

parno

Од 1 декември цената на топлинската енергија за домаќинствата во Скопје што се снабдуваат преку ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Производство на топлина и ЕСМ Енергетика се зголемува во просек за 7,56 проценти, додека за корисниците приклучени на мрежата на „Енерџи Еколинк“ (поранешна топлана Скопје Север) поскапувањето изнесува 5,84 проценти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Zito baner

Според пресметките на регулаторот, со оваа одлука просечната месечна сметка за парно греење ќе се зголеми за 188 денари и ќе изнесува 2.681 денари, а корекцијата е направена поради растот на цената на природниот гас предизвикан од геополитичките случувања.

Agria

Од РКЕ појаснуваат дека одлуката е донесена откако сите компании за снабдување со топлинска енергија во Градот Скопје поднеле вонредни барања за промена на регулираниот максимален приход и ревидирање на цената утврдена во јули, која важеше од 1 август годинава, а со парно греење во главниот град се снабдуваат близу 70.000 потрошувачи.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: