Во одлична атмосфера, пред домашната публика во спортската сала на ООУ „Блаже Конески“, одбојкарките на ЖОК Борец ја забележаа шестата победа сезонава, откако во дербито од Втората лига го совладаа ЖОК Ново Село со 3:1 во сетови.
За велешанки ова беше шеста победа во седмиот одигран натпревар, додека гостинскиот состав го претрпе вториот пораз во сезоната.
Со овој триумф, Борец се осамостои на втората позиција на табелата, веднаш зад лидерот Форца Волеј Ема.
За разлика од девојките, машкиот состав на Борец вечерва го очекува тежок предизвик. Велешани ќе го пречекаат актуелниот шампион УГД Штип. Натпреварот ќе се одигра во спортскиот центар „Џексон“ во Штип, поради реновирање на спортската сала „Гемиџии“ со почеток во 20 часот.




















