Македонскиот полициски синдикат застана зад велешките полицајци поврзани со случајот „Росица Коцевска“

Претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Зоран Кузманоски, остварил работна средба со дел од полициските службеници од Велес кои се споменуваат како обвинети во случајот поврзан со Росица Коцевска. На средбата биле разгледани околностите на случајот и дисциплинските мерки со кои се соочиле полициските службеници.

Од Македонскиот полициски синдикат информираат дека состанокот се одржал на 26 ноември во Велес, при што присутните ги изнеле своите видувања за случајот и ги образложиле околностите под кои биле преземени дисциплинските мерки.

Zito baner

По разгледувањето на доставените информации, од Синдикатот посочуваат дека е неопходно целосно почитување на законските права и гаранции на полициските службеници. Оттаму најавуваат дека доколку се утврди дека дисциплинските мерки се поврзани со околности кои не биле соодветно разгледани или земени предвид, ќе ги активираат расположливите синдикални механизми за заштита на колегите, во рамките на своите надлежности.

Agria

Во соопштението посебно се нагласува принципот на презумпција на невиност, кој, како што наведуваат, важи за секој граѓанин, вклучително и за полициските службеници. Од Синдикатот сметаат дека е неопходно постапките да се одвиваат согласно законските процедури, без избрзани заклучоци и јавни осуди пред утврдување на сите релевантни факти.

„Секој има право на правична постапка“, порачуваат од Македонскиот полициски синдикат, од каде додаваат дека синдикалната солидарност подразбира присуство, сослушување, заштита и конкретно дејствување.

Убиството се случи на 15 септември во 15:30 часот на улицата „Кочо Рацин“ во близина на Градскиот саат во Велес, кога 39-годишниот Илија Стефановски од Скопје со остар предмет ги уби својата поранешна партнерка Росица и нејзиниот татко Киро, кој се обидел да ја заштити.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: