Десанка Николова со „Сеф за тајни“ одбележа 30 години творештво

Во исполнетата сала на Ликовниот салон во Велес, вчера беше промовирана најновата книга „Сеф за тајни“ на велешката авторка Десанка Николова, со која одбележува 30 години творечка работа.

Zito baner

За книгата говореа проф. д-р Кристина Николовска од Филолошкиот факултет во Скопје, проф. Соња Карбева и Емилија Златкова Анастасова, уредник и сопственик на издавачката куќа „Збор“, која е и рецензент на делото.

Agria

Книжевната вечер беше збогатена со настап на хорот „Св. Кирил и Методиј“, под диригентство на Веселинка Маџарова, балерините од „Анабела“ и сценскиот перформанс на МДПС „Премиера“.

Со „Сеф за тајни“, Николова продолжува да го гради својот книжевен свет, во кој зборот е сведоштво, мисла и трага од нејзиното триесетгодишно творештво.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: