Четворица приведени по физичка пресметка на паркинг во Велес, повредена 31-годишна жена Четири лица од струмичкото село Бањица биле приведени по физичка пресметка што се случила синоќа на паркинг во близина на училиштето „Панко Брашнаров“ во Велес.
Според информациите од СВР Велес, настанот се случил на 23 ноември, околу 22:40 часот, на улицата „Ангел Мишев“, кај Мало Мовче. Во пресметката учествувале Н.В. (21), Т.М. (30), Б.Ј. (49), О.В. (49) и 31-годишната Л.М., сите од село Бањица.
Притоа, 21-годишниот Н.В. со дрвен предмет ѝ нанел телесни повреди на 31-годишната жена, кои биле констатирани во Општата болница во Велес. Од полицијата информираат дека дрвениот предмет бил пронајден и одземен, а четирите лица биле задржани во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.




















