На 22 ноември во 17:20 часот, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода 25-годишната Џ.С. од Велес.
Таа се сомничи дека во два наврати од објекти во изградба, сопственост на правно лице во Велес, одзела кабли.
За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава.


















