30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Општините Градско и Чашка добија грантови од Фондот за техничка документација

Fond za tehnicka dokumentaciaj

Во рамки на проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“, Општините Градско, Крушево, Македонски Брод, Новаци, Пехчево, Студеничани, Теарце, Чашка, Чаир, Охрид и Штип ќе добијат грантови од Фондот за техничка документација(ФТД) за изработка на техничка документација за подготовка на нови проекти. Градоначалниците на единаесетте општини ги потпишаа договорите кои значително ќе им помогнат во зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи во насока на нивен поголем развој.

Zito akcija 640x289px

„Средствата од Фондот за техничка документација наменети се за изработка на комплетна техничка документација за поставување на фотоволтаици на кровните конструкции во основните училишта Петар поп Арсов Извор, Лирија во Горно Јаболчиште и Долно Јаболчиште, изјави градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски.

Agria

Општина Градско е една од десетте општини која е добитник на Грант за изработка на техничка документација за предлог-проектот „Изолација на објекти со современи фасадни системи и реконструкција и изолација на покриви на училишни објекти во Градско“, информира градоначалникот наОпштина Градско Киро Нацков.

Со потпишување на договорот за финансирање ќе започне процесот за подготовка и изработка на тендерската документација и објавување на тендерската постапка.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
Во Велес одбележани 80 години македонски Црвен крст
Вучиќ побара од Студентите „2.0“ да се повлечат од Паркот на Пионерите
Временска прогноза