30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

ААВМУ: Медиумите стриктно да ги почитуваат професионалните и етички стандарди кога известуваат за трагедијата во Кочани

KOcani

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува длабоко жалење во врска со трагедијата во дискотека во Кочани и ги повикува медиумите да бидат особено внимателни во известувањето со цел да се почитува достоинството на жртвите и да не се предизвикува дополнителна болка на нивните семејства.

Zito akcija 640x289px

Од ААВМУ, исто така, посочувата дека медиумите треба да ја прилагодат севкупната програма/објави и да емитуваат/објавуваат содржини соодветни на ваков настан. Информациите коишто ќе бидат објавени мора да точни и проверени, а доколку не можат да се потврдат или станува збор за претпоставка тоа треба да биде јасно кажано

Agria

„Медиумите мора најодговорно да водат сметка за рамнотежата помеѓу правото на јавноста да биде информирана и за личната болка и жалост и да избегнуваат да објавуваат експлицитни сцени/фотографии/видеа од настанот, односно стриктно да ги почитуваат професионалните и етички стандарди. При евентуално објавување на сензитивни содржини тие треба да бидат означени со соодветно визуелно и /или акустично предупредување“, се вели во соопштението од ААВМУ

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: