Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за значително намалување на малопродажните цени на нафтените деривати. Од 10 ноември на полноќ, горивата поевтинуваат во просек за 7,51 отсто во однос на претходната одлука.
Најголемо намалување има кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98, чија цена се намалува за 7 денари за литар. Дизелот поевтинува за 5,50 денари, додека екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 6,50 денари за литар.
Со новата одлука, максималните малопродажни цени ќе изнесуваат:
- ЕУРОСУПЕР БС-95 – 86 денари за литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98 – 88 денари за литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС – 94,50 денари за литар
- Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 103,50 денари за литар
- Мазут М-1 НС – 49,312 денари за килограм
Цената на мазутот се намалува за 6,261 денари за килограм.




















