Раштани го совлада Согле, Тополка славеше на гости кај Плавник

Во рамките на Општинската фудбалска лига – Велес беа одиграни натпреварите од шестото коло, во кое беа постигнати интересни резултати и вкупно 12 погодоци на петте средби.

Zito baner

Најнеизвесно беше во Раштани, каде што истоимената екипа ја совлада Согле со 2:1. Дамјан Јовановски во 30. минута и Александар Петкоски во 38. минута донесоа предност од два гола за домаќините. Никола Димовски во 78. минута го постигна единствениот погодок за гостите. Тополка забележа минимална победа од 1:0 на гостувањето кај Плавник. Стрелец на единствениот гол беше Матеј Димовски во 23. минута.

Agria

Младост 1976 на домашен терен славеше против Локомотива од Градско со 2:0. Марјан Ончев во 48. минута и Николче Јавашев во 76. минута ја потврдија победата на домаќините.

Победа од 2:1 забележа и Горски против Бузалково. Антонио Китановски во 59. минута и Аријан Колашинац во 78. минута беа стрелци за Горски, додека Миљаим Сулејмани во 64. минута го постигна голот за Бузалково. На натпреварот меѓу Форца Нова и Врановци немаше погодоци, па средбата заврши со почетните 0:0.

Поз.КлубОНПоб.НПор.ПОСПРИГРБОД
1.ЗГ ФК РАШТАНИ СПОРТ 20256510113+816
2.ФК ТОПОЛКА640273+112
3.ФК ГОРСКИ632184+411
4.ФК ФОРЦА НОВА52217708
5.ЗГ ФК ВРАНОВЦИ622256-18
6.ФК ТИМ ЛОКОМОТИВА 2018521267-17
7.ФК МЛАДОСТ 1976620479-26
8.ФК ПЛАВНИК 2026612369-35
9.ФК БУЗАЛКОВО604259-44
10.ФК СОГЛЕ602427-52

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: