Двајца велешани на возраст од 36 и 26 години биле лишени од слобода откако полицијата кај нив пронашла марихуана, таблети и дигитална вага.
Според информациите од СВР Велес, случајот се случил на 6 ноември, околу 22:30 часот, во Велес. Полициските службеници ги лишиле од слобода Д.Т. (36) и Ј.А. (26), откако во нивна близина биле пронајдени и одземени марихуана, таблети и дигитална вага, кои претходно едниот од нив ги оставил.
Следниот ден, по добиена судска наредба од Основниот суд Велес, бил извршен претрес во домот на 36-годишниот Д.Т., при што биле пронајдени и одземени пари.
Двете лица биле задржани во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. Од полицијата информираат дека по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.




















