Петиција за електронски алки за насилниците – пратеничката Моника Зајкова повика на поддршка од граѓаните

Monika Zajkova LDP

Покрената е петиција со која се бара воведување електронски нараквици за следење на сторителите на насилство. Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, ги повика граѓаните да ја поддржат иницијативата, наведувајќи дека таа е подготвена по нивно барање.

Zito baner

Целта е да се обезбеди дополнителен механизам за надзор и заштита на жртвите.

Agria

Според законското решение што ЛДП претходно го предлагаше, електронското следење би овозможило навремено известување на жртвата и надлежните служби доколку сторителот ја прекрши судската забрана за приближување.

Партијата повторно го актуализираше барањето по случајот во Богданци, повикувајќи на проверка на институционалното постапување по пријавите за насилство и закани.

„Електронската нараквица ќе ја предупреди жртвата и ќе ги алармира надлежните кога насилникот е поблиску од законски утврденото растојание. Потпишете се“, стои во иницијативата.

Предлогот за електронски нараквици не доби поддршка во Собранието во март годинава. Од ВМРО-ДПМНЕ тогаш оценија дека решението е недоработено и дека не се разјаснети надлежностите, постојаното следење и потребната техничка инфраструктура.

Зајкова, пак, тврдеше дека државата веќе располага со уреди во системот за пробација и дека е потребна политичка волја за нивна примена во заштитата од насилство.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: