Фруитленд Борец против Овче Поле во елиминациското коло во Купот на Македонија

Fruitlend Prilep

Ракометарите на Фруитленд Борец добија противник по мерка во елиминациското коло во Купот на Македонија. Прволигашот од Свети Николе, екипата на Овче Поле  е пречката која стои за пласман во групите на Купот на Македонија.

Zito akcija 640x289px

Овче Поле заврши како четвртопласирана екипа во Првата лига, Група А, со што обезбеди пласман во плеј оф разигрувањето за влез во Супер лигата со скор од 6 победи, 5 порази и 2 нерешени исхода.

Agria

Натпреварите од елиминациите се на програмата следниот викенд, а Овче Поле ќе биде домаќин на овој натпревар, по што 13 екипи ќе им се придружат на веќе пласираните три во групната фаза, Алкалоид, Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, што ќе се игра на 26/27 април.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: