Пронајден починат исчезнатиот планинар од Велес на велешкиот рид Гроот

Papradiste suma

Планинарот од Велес, кој вчера исчезна на ридот Гроот кај Велес, е пронајден починат, потврди директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Zito akcija 640x289px

„За жал, лицето е пронајдено починато. Немаме информации за причините на смртта“, изјави Ангелов.

Agria

Потрагата официјално ја водело Министерството за внатрешни работи, а во неа, покрај членовите на семејството, учествувал и искусниот планинар и спасител Надир Мурсели.

Утрово, поради лоши временски услови, немало можност за хеликоптерска претрага. Откако времето се подобрило и бил подготвен лет на хеликоптерот на МВР, Пецевски бил пронајден починат, непосредно пред полетувањето на леталото.

Причините за смртта ќе ги утврдат надлежните институции.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: