Одложено е рочиштето за убиството на Вања и Панче

pance-zezovski-vanja-gjorcevska

Рочиштето за убиството на Вања на кое обвинетиот Љупчо Палевски – Палчо требаше да даде исказ е одложено.

Zito akcija 640x289px

Судењето е одложено поради отсуство на адвокатот на Палевски. Судот утрово добил известување од адвокатот Јовица Страшевски дека не е во можност да присуствува поради здравствени причини.

Agria

Палевски е првообвинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој денеска требаше да продолжи да одговара на прашања од неговиот адвокат.

На претходното рочиште Палевски рече дека е невин и киднапиран од судот.

Ако сакав пари, рече Палевски, имам харддиск „Тошиба“, кој го одзедоа со записник, а во кој има над 200 илјади телефонски разговори, гнасотии на оваа политичка елита, но и на новинарската професија, и доколку сум сакал да реализирам какво било користољубие, сум можел да уценувам милијардери со „ферари“ и други, но, ете, тоа не сум го направил.

Тврди дека немал мотиви за такво злосторство.

За обвинетиот Кешишев рече дека е политички неук, но стабилен човек, патриот, а за Велибор Манев рече дека го знае од партијата и бил амбициозен и алчен за пари. Боре Видевски беше зачленет од страна на Велибор Манев во Десна, скромен и дисциплиниран, рече Палевски, а за Александар Ѓорчевски рече дека првпат името и презимето му ги прочитал во кривичната пријава во ќелијата.

Тврди дека го местат оти почнал да објавува дека во македонски банки се перат пари од продажба на ирански дронови. Рече дека Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски се директно одговорни за перењето пари зашто Спасовски дозволил нерезидентен државјанин да отвори сметка во НАТО-банки во Македонија. Износите депонирани во македонските банки, рече Палевски, се доволна причина да ми се изврши морален атентат и да бидам компромитиран.

Тврди и дека сведокот Гоце Трајковски до полицијата праќал скриншотови од инфлуенсерки и новинарки, дека Вања е вонбрачна ќерка на Палевски. Обвинетиот смета дека ваквиот однос на медиумите е поради политиките на партија Десна, која единствена повела иницијатива за референдум за идентитетските прашања на Македонија.

„По една и пол година од настанот, нема наслов во медиумите каде што монструмот го посочува оружјето со кое постои веројатност да е сторено кривичното дело. Таков наслов во нашите релевантни медиуми не постои. Самата политика што ја почнавме со Десна е причина за ваквиот однос на медиумите бидејќи сме единствена партија што повела иницијатива за референдум во однос на бугарската агресивна политика кон Македонија. Примерот со организација на референдум за толку важно прашање мора да биде компромитиран зашто се поставува прашањето зошто власта тоа не го прави“, рече Палевски.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: